LC Waikiki ја отвори својата четврта продавница во Македонија

185

DSC_0647

Турскиот малопродажен лидер LC Waikiki денеска ги отвори вратите на својата четврта продавница во Македонија, која ќе биде сместена на првиот кат на трговскиот центар Рамстор. Новата продавница ќе се простира на површина од 1.154 метри квадратни и ќе има три оддела со модни колекции наменети за мажи, жени и деца/бебиња, со други зборови ова ќе биде место каде целото семејство ќе може да го пронајде својот стил што е во функција на бренд филозофијата “Секој заслужува да биде убаво облечен“.

Отворањето е одговор на интересот на македонските потрошувачи, кои ги сакаат LC Waikiki производите поради високиот квалитет, модерната линија која ги следи трендовите и поради ценовната достапност. Продавниците ги карактеризира пријатна и топла атмосфера, можност потрошувачите едноставно и брзо да го најдат она што им е потребно.

Новоотворената продавница во Рамстор е инвестиција од околу 1,5 милиони долари и во неа ќе бидат вработени 34 лица. Со отворањето на новата продавница во Рамстор вкупниот број на отворени LC Waikiki продавници ќе го надмине бројот од 500, од кои 130 се надвор од Турција. Продавницата во Скопје ќе биде уште еден чекор понапред во реализацијата на таргет приходите кои ги има брендот, а тоа е остварување на 10 милијарди долари до крајот на 2023 година.

“Работиме во Турција под капата на LC Waikiki – Малопродажба, трговија и услуги уште од 1997 година. Првата странска инвестиција ја реализиравме во Романија во 2009 година, веднаш по брзиот раст во Турција и заземањето на лидерската улога во овој сектор. Сега, со големо задоволство ја отвораме нашата 4-та продавница во Македонија со што стануваме достапни во 23 земји и тоа за многу краток временски период од 6 години. Како LC Waikiki имаме доверба и веруваме во македонскиот пазар. Ние ќе продолжиме да растеме во Македонија и на Балканот. Го споделуваме нашиот малопродажен бизнис, знаењето за модата и искуствата и на македонскиот пазар и сакаме да придонесеме за економски раст и развој на модната малопродажба“, рече Јенал Гокјилдирим, генерален директор за продажба на LC Waikiki.