Земјите од Азија во 2014 година привлекле околу 70% од вкупните странски директни инвестиции (СДИ) во светот, додека инвестициите во земјите во развој бележат пад, смета Мукхиса Китуи, генерален секретар на конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (UNCTAD), пишува Хуријет.
На глобално ниво, СДИ бележат пад од 8% минатата година на 1,26 илјади милијарди долари во однос на претходната година. Во земјите во развој отпаѓаат 700 милијарди од вкупниот износ на странски директни инвестиции, што е пад од 14% во однос на претходната година.
Некои истражувања покажуваат дека меѓународните компании ги зголемија своите стратешки инвестиции. Според Китуи, структурните реформи се најважниот фактор за привлекување на странски инвестиции во светот.