Сместена близу Гоа во Индија, вилата Чампака зрачи со една отменост уште на прв поглед. Располага со четири спални соби и четири бањи, прекрасен поглед на реката Моира и пространо зеленило.
Во долниот дел на вилата се наоѓа дневен и трпезариски простор којшто изобилува со сончева светлина благодарение на големите прозорци и стаклени врати. Тука се сместени и гостинските соби со посебни бањи.
Дизајнот на вилата го отсликува во многу нешта модерниот индиски луксуз, како на пример мозаиците и декорот од рачно изработено дрво и камен.
Вилата има надворешен базен, бар, како и овоштарници со тропско овошје.