Solloshi е компанија од Лондон што се занимава со дизајнирање на додатоци од титаниум, а нивното најновото парче Термис, е досега најинтересниот држач за пури.
Вработените во оваа компанија добро го познаваат титаниумот и технологијата за негово производство. Држачот има уникатен дизајн што потсетува на цилиндар, а направен е од истите материјали што се користат при производство на пушките M16.
Пурите во држачите изгледаат како куршуми, кои кога се вадат од ротирачкиот цилиндар испуштаат звук како од пиштол. Секоја подлога во себе има и навлажнувач што не дозволува да исчезне армата на пурите.
Супериорниот држач ќе биде претставен во ограничена серија од само 77 парчиња, по цена од 10.000 долари.