Горивата поскапуваат за три денари

42

pumpa gorivo

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, додека на Еуросупер БС – 98 ќе биде 74 денари. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по цена од 57,50 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит и ќе чини 46,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,711 ден/кг, по што новата цена ќе биде 29,639 ден/кг.