Coca – Cola печати лименки и шишиња со Брајова азбука

51

coca-cola-braille-hed

Coca – Cola е препознатлива по кампањите преку кои се доближува до голем број корисници ширум светот. Овој пат две кампањи на компанијата, што се спроведуваат во Мексико и Аргентина, се однесуваат на лицата со оштетен вид, пишува Adweek.

Маркетинг агенцијата Anónimo од Мексико забележа дека популарната кампања Shake a Coke не е доближена до лицата со оштетен вид. Од таа причина, агенцијата ја започна соработката со Coca – Cola за печатење на лименките и шишињата со Брајова азбука.

Исто така, маркетинг агенцијата Geometry global соработува со Coca – Colа, за да испечати шишиња посветени на фудбалскиот тим на лица со оштетен вид Los Murciélagos. На шишињата се испечатени имињата на играчите во овој фудбалски тим.