Саем на наука во меѓународното училиште Нова

113

Saem za nauka vo Nova 1

Тренерите и ракометните ѕвезди на клубот Вардар денеска во 11 часот ќе се дружат и ќе ги споделат своите спортски знаења со основците од меѓународното училиште Нова во Скопје. Тие ќе бидат специјални гости на Саемот за наука кој годинава се одржува под мотото Спорт и наука.

Врвните спортисти кои ги бранеа македонските бои во Лигата на шампионите ќе им го претстават ракометот како спорт на учениците во Нова и низ практични вежби ќе им покажат како да шутираат и да бранат.

Саемот за наука е поделен во два дела, а во првата етапа основците ќе се дружат со ракометарите и тренерите на РК Вардар. Потоа учениците од шесто, седмо и осмо одделение ќе ги презентираат проектите кои изминатиот период ги подготвуваа на тема Спорт и наука. Жири составено од гимназијата Нова ќе ги оценуваат најдобрите и ќе бидат избрани добитници на прво, второ и трето место посебно за секое одделение.

Саемот за наука е традиционален настан во оваа образовна институција и секоја година се одржува под различно мото. Годинава целта е учениците да погледнат кон спортот низ призмата на науката и воедно да се промовираат здравите животни навики и спортскиот дух.