Verizon го презема AOL за 4,4 милијарди долари

36

verizon

Американскиот телекомуникациски гигант Verizon соопшти дека планира да го купи интернет гигантот AOL (America Online) за 4,4 милијарди долари, поради амбициите за раст во мобилното видео и рекламирањето. Оваа аквизиција на Verizon ќе му даде пристап до напредната технологија што ја разви AOL за продажба на реклами и обезбедување на високо квалитетни веб видеа, пишува The Wall Street Journal.

Мобилната мрежа Verizon ги купува сите информативни содржини на AOL, вклучувајќи ги онлајн изданијата на The Huffington Post, порталот TechCrunch и Engadget.

Verizon нуди цена од 50 долари по акција на AOL.

Извршниот директор на AOL, Тим Армстронг, ќе остане на чело на компанијата и по потпишувањето на договорот.