Отстранете го целулитот на природен начин

132

portokal

Фото: Pixabay

Неколку ефикасни третмани за отстранување на целулитот на природен начин.

Бршлен

Откако ќе соберете и исушите неколку млади лисја од бршлен, исецкајте ги на мали парчиња. Ставете ги во чаша, а потоа прелијте ги со маслиново масло. Нека отстои две недели, а потоа процедете ја течноста низ стерилна газа и измешајте ја со обична крема. Смесата нанесувајте ја со нежно масирање на проблематичните делови секој ден.

Целер

Изренадајте корен од целер и два моркови и прелијте ги со 200 ml топла вода. Потоа додадете сок од цел лимон и оставете го една ноќ. Следниот ден смесата ставете ја во тројно преклопена стерилна газа, процедете ја и распоредете ја во три дози што ќе ги испиете во текот на денот. Можете да го конзумирате и во салата, најдобро заедно со јаболка.

Цреша

Неколку цреши без семка (30-50) прелијте ги со литар ладна вода и затворете ги со капак. По 12 часа варете ги на тивко десет минути, па додадете уште еден килограм цреши со семка. По 20 минути процедете ги низ стерилна газа и пијте по два децилитри пет пати дневно.

За полесно елеминирање на целулитот јадете јаболки и млечни производи, особено јогурт. Карнитинот во јогуртот и пектинот во јаболката го забрзуваат разградувањето на мастите.