За најдобрата Златен Даб апликација се натпреваруваа повеќе од 20 предлози

48

dab

Само за месец и половина, на отворениот конкурс за изработка на Златен даб апликација пристигнаа повеќе од дваесет предлози. Побарано беше специјализираната Златен даб апликација да биде наменета за паметни телефони и таблети и да најде примена во секојдневието, да се истакнува со дизајнот, достапноста, брзината, како и функционалноста.

Победникот, односно креаторот на најдоброто решение ќе добие паричната награда од 1.500 евра,  склучување на договор со компанијата за префрлување на авторските права, а воедно ќе следи и промовирање на истата преку повеќе маркетинг канали. Веднаш по изборот, наградената апликација ќе биде достапна за бесплатно да се симнува од Play Store маркетот.

Едно од барањата на Прилепска Пиварница за содржините и перформансите на решението е во самата апликација да се отсликува брендот Златен Даб, како и вредностите за кои што се залага. За веродостојноста на изборот одговорна е жири комисијата, составена од шест члена избрани од страна на Прилепска Пиварница да ја изберат најдобрата пивска апликација.