Секој втор работодавач во Бугарија има проблеми со пополнување на работните места поради недостаток на кадри, пишува Днес.
Најголеми тешкотии за наоѓање вработени имаат фирмите што бараат кадри на позициите за инженери, квалификувани работници, менаџери и ИТ персонал. Истите позиции беа дефицитарни и во 2014 година, покажува годишното истражување за недостиг на таленти на ManpowerGroup Бугарија.
“Во последните пет години недостигот на инженери во Бугарија се задржува на првото место на најбарани кадри”, вели Надја Василева, управен директор на Manpower Бугарија, Србија и Хрватска.
Во првите десет најбарани професии спаѓаат и работниците од секторот на угостителството и хотелиерството, што може да се објасни со почетокот на летната сезона и сезонската работа.