Wi-Fi под сенка – кампања за превенција од рак на кожа

42

wifi

Лигата против рак од Перу, за посетителите на популарната плажа Playa Agua Dulce постави “кула” со безжичен интернет, но луѓето можат да се конектираат само ако се во нејзината сенка.

На врвот на структурата, антената е поврзана со сензор кој го следи движењето на сонцето и сигналот е органичен само за тие што се во сенка. Со логирањето на мрежата, корисниците добиваат информации за превенција од рак на кожа.

Проектот е спроведен заедно со агенцијата Happiness Brussels и планирано е во партнерство со локални организации, вакви инсталации да се постават и во Сан Франциско, Нов Зеланд и други места во светот.