Сирија со најмногу инвестиции во Турција во првите четири месеци од 2015

33

siriski biznis vo turcija

Старт – ап компании од Сирија зафаќаат 32% од вкупниот број на новоформирани компании во Турција, основани од странски инвеститори, во првите четири месеци од оваа година, пишува Хуријет.

Државјани на Сирија, самостојно или преку партнерство, основале 491 компанија во Турција. Вкупниот број на нови компании или старт – ап бизниси во Турција во првите четири месеци од оваа година е 24.094, од кои 1.557 беа основани од странски инвеститори.

Веднаш зад сириските инвеститори се оние од Германија, кои основаа 113 нови компании, а на трето место се позиционираше Иран со 97 нови старт – ап компании.