Официјална делегација од Општина Грачаница, Косово, беше на еднодневна посета во Витаминка. Целта на посетата беше проширување на потенцијалите за соработка меѓу најголемиот македонски производител на кондиторски производи и Општина Грачаница.
Делегацијата имаше можност да ги посети производните погони на компанијата и да се запознае со целосната производна палета. Според раководството на Витаминка, средбата е во насока на унапредување на соработката. Овој пазар важи за еден од најголемите извозни пазари за Витаминка, каде брендот Стоби Флипс е еден од најбараните странски брендови.
Косовската делегација беше предводена од заменик премиерот, Бранимир Стојановиќ, градоначалникот на Општина Грачаница, Владета Костиќ, како и неговиот заменик, Љубинко Караџиќ. Како дел од делегацијата беа и началникот на Косовскиот округ, Срѓан Петковиќ, правниот застапник на Општина Грачаница, Негован Шарановиќ, претставникот од приватниот сектор, Јовица Дешиќ и претставникот на компанијата во Косово Витаминка Трејд, Расим Мрлаку.