Четири години по започнувањето на глобалната финансиска криза, се чини дека најлошото помина, но глобалната економија и понатаму е нежна, порача Светска банка (СБ) во најновиот извештај за економскиот развој, во кој остро ја намали проценката за раст на светската економија за оваа година.
Во извештајот СБ проценува дека минатата година глобалниот бруто домашен производ (БДП) пораснал 2,3%, а оваа година се очекува раст од 2,4%. Во јуни банката прогнозираше раст од 3%.
Банката ја намали прогнозата и за земјите во развој. Очекуваното зголемување на БДП на оваа група земји беше намалено од 5,9% на 5,3%. Според Светската банка, извесното забрзување на економијата на земјите во развој може да се очекува во 2014 и 2015 година.
Во 2013 година зголемувањето на БДП во развиените земји се очекува да биде едвај 1,3% поради големите кастрења на трошоците, високото ниво на невработеност и слабите потрошувачка и побарувачка. Во 2014 и 2015 година СБ очекува зголемувањето на БДП во развиените земји да биде 2% и 2,3%.