Францускиот парламент минатата недела едногласно изгласа закон според кој големите супермаркети ќе мораат да го донираат вишокот храна во хуманитарни цели, наместо да го уништуваат со хемиски процеси како до сега.
Ова е една од ретките одлуки што француската влада ги донела едногласно, пишува Гардијан.
Според овој закон, супермаркетите ќе мораат да преземат потребни мерки за да се спречи фрлање на храна што уште може да се користи и ќе мораат непродадената храна да ја донираат во хуманитарни организации или како храна за животни. Онаа помалку употребливата, ќе се донира за компостирање.
Супермаркетите поголеми од 400 метри квадратни, до јули следната година ќе мораат да потпишат договори со хуманитарни установи и организации за донирање на вишокот залихи. Во спротивно ќе се соочат со казна од 75.000 евра или две години затвор.
Според официјалните проценки, Французите годишно фрлаат од 20 до 30 килограми храна по жител, од кои седум килограми се неотпакувана храна, сè уште во амбалажа, а тоа ја чини државата до 20 милијарди евра годишно. Со новата мерка француската влада сака оваа сума да ја преполови до 2025 година и поефикасно да се бори против гладот и сиромаштијата.
Во светот годишно се фрла 1,3 милијарди тони храна.