Restaro – апликација што го бара најблискиот ресторан и нуди попуст до 50%

142

img-iphone

Restaro е апликација којшто им овозможува на корисниците едноставно да го пронајдат ресторанот во своја непосредна близина и таму да може да јадат со попуст од 10% до 50%, во зависност од тоа колку е полн ресторанот, пишува порталот Нетокрација.

Оваа апликација нуди можност за резервација на маса, пребарување на најдобрите понуди, како и избор на најблискиот ресторан на корисникот.

“Рестораните преку нас ефикасно ги исполнуваат празните маси. Нашето мото – no more empty places (нема повеќе празни места) кажува многу. Покрај тоа, бесплатно користат софтвер за водење ресторани, којшто вклучува водење резервации, маси и листа на чекање. Некои од овие услуги им ги нудат старт – ап бизнисите како што е Open table, но им наплаќаат на рестораните и до 1.800 долари“, вели Јосип Шариќ, по потекло од Босна и Херцеговина, а работи и живее во Њујорк.

restaro

Restaro, којшто од средината на мај е достапен на Google Play Android и App Store, соработува со над 600 ресторани во Њујорк, а бројот постојано се зголемува. Од средината на август планираат да нудат и достава, а корисникот ќе добие попуст на доставената храна, доколку порача преку оваа апликација.

Зад креирањето на оваа апликација стојат Даниел Маркотиќ и Јосип Шариќ, кои се потекло од Босна и Херцеговина, а живеат и работат во Њујорк.