Островските елементи се составен дел во секоја голема модерна кујна. Концепт кој архитектите и дизајнерите на ентериери често го употребуваат во нивните проекти поради богатиот избор на решенија и дизајни кои ги нуди централниот простор во кујната.
Островата станаа норма во новите кујни со добра причина. Тие се повеќенаменски, претставуваат места за оставање на тави и тенџериња, да кријат електрични уреди… Посебно корисни во отворени кујни, островата ќе отворат дијалог помеѓу кујната и дневната соба, готвачот и гостите.
Сте забележале ли во списанијата за ентериери или на интернет слики од кујни со островски елемент во просторот? Просторот за готвење е сместен на едната страна, додека на другата, место за доручек или место каде ќе го испиете Вашето кафе додека пребарувате по интернет… Да ги пробате топлите кифлички со најмилите… Или ви се допаднала идејата да го искористите тој простор за подготовка на Вашите јадења…
Во нашиот асортиман имаме голем избор на островски плотни во дрвена или камена репродукција со ширини од 1170 и 1205 мм кои, исто така, со наша мала и бесплатна интервенција може да послужи и како аголна плотна во кујната и одлично место да го вградите мијалник. http://soloprom.com.mk/?page_id=6329