Како да одберете име за производот?

39

etiketi

Фото: Pixabay

Името на производот што го нудите не е едноставно да се одбере, токму поради тоа што истиот тој назив треба да содржи неколку клучни елементи за самиот бренд да биде успешно претставен на пазарот.

Името мора да биде лесно за изговарање, лесно да се памти, да биде разбирливо, фамилијарно, со јасно значење и различно од конкуренцијата… Од тие причини не се препорачуваат долги и сложени имиња.

Името на производот мора добро да се поврзе со производот и да кажува нешто за истиот – општо за групата на производи или да ги појаснува спецификите на самиот бренд.

Имињата можат да бидат дескриптивни, сугестивни, апстрактни…

Тие можат да бидат и комбинација на букви и нумерички знаци

Важно е тоа да одговара на производната категорија…

Името мора да биде допадливо, односно треба да им се допадне на таргетираните потрошувачи на пазарот. Важна е и визуелизацијата на името и треба да се земе во предвид  и естетската компонента.

Тоа треба да овозможи преносливост, односно трансфер во различни земји и култури. Затоа треба да се одбере име што ги надминува националните граници.

Освен тоа, името треба да може (со евентуални додатоци) да се прошири и на други производи од компанијата, да се примени на различни форми на пакувања и амбалажа, во различни медиуми и во различни цели…

Важно е името да не е користено од страна на друга компанија во земјата, како и на таргетните пазари во странство.