Trillenium – платформа за виртуелен шопинг

59

trillenium

Trillenium е старт – ап што има за цел да го промени целокупниот концепт на купување и да овозможи виртуелна прошетка низ 3D просторот на шопинг центарот.

Зад идејата на овој виртуелен трговски центар стои основачот на HG Spot и хрватски инвеститор, Хрвое Прпиќ.

Trillenium претставува платформа што лесно може да се интегрира во постоечкиот малопродажен систем, со што корисниците ќе може да посетат web продавници со користење на Oculus Rift, Google Cardboard Sony Morpheus технологиите.

Се очекува Trillenium од следната година да овозможи купување на едноставни производи, како што се чевли, чанти и очила за сонце. Од 2025 година би требало да заврши дел од проектот во кој ќе може да се проба облеката како копија на телото на корисникот, пишува порталот Нетокрација.

Овој проект се најде на глобалната платформа Seedrs, каде што досега инвестирале 126 инвеститори.