Зајакнете го имунитетот и ослободете се од токсините

50

limon-pexels

Фото: Pexeles

Ако сте го преоптовариле организмот со тешки јадења, алкохол или голема количина на слатки, немате енергија и постојано сте уморни, време е за чистење на телото.

Детоксикација со лимон е една од најздравите и најефикасни начини за ослободување на токсините од организмот, по што ќе ја вратите виталноста и ќе го зајакнете имунитетот.

За детоксикација со лимон потребно е еден лимон, три децилитри млака вода, едно стапче цимет или една лажичка мелен цимет, малку лута пиперка (чили или феферони во прав) и лажичка мед.

Истражувањата покажуваат дека циметот значајно помага во воспоставување на рамнотежата на шеќерот во крвта, додека лутата пиперка е добра за загревање на телото и го забрзува процесот на чистење и елиминација на токсините.