Ada Gatti Македонија се претстави пред бизнисмени од Албанија и Косово

78

ada gatti

Претставници на осум модни компании од Косово и од Албанија дојдоа во Македонија со интерес да договорат застапништво за шпанскиот бренд за облека Ada Gatti.

На вчерашната бизнис средба, Катица Богоеска Јоргакиеска, сопственичка на International Style Group – Ada Gatti Македонија, пред присутните бизнисмени ја претстави новата колекција Есен – Зима 2015-2016 година.

Како новитет по однос на материјалите во оваа колекција се издвојува т.н. ѓаволска кожа, ориентиран кон младата популација, следејќи ја тенденцијата на нивните побарувања. Доминантни бои во новата колекција се бистри и пастелни (светло розова и светло сина), но и црната боја како основа, измешана со зелената. Во оваа колекција поистакната е сивата боја.

Настанот се одржа во изложбениот салон на Ada Gatti во ГТЦ, каде што присуствуваше и Енрике Санчез, заменик претседател за продажба на овој бренд.

За него, како претставник на Ada Gatti од Мадрид, Шпанија е задоволство да се биде во Македонија на ваков настан.

„Би било штета да не бидам тука при промоцијата на новата колекција Есен – Зима 2015-2016. И потрошувачите се многу задоволни со колекцијата и ќе уживаат во новите парчиња облека ширум Европа“, вели Санчез.

Бизнисмените од Косово и од Албанија сакаат да го прошират овој светски познат бренд во нивните држави преку застапништвото од Македонија.

Ada Gatti во Македонија веќе трета година презентира иновативни и достапни парчиња облека за жени и девојчиња. Ова е единствениот бренд во нашиот регион кој нуди комплементарни колекции за мајки и деца.