Фото: Justintimberlake.com
Џастин Тимберлејк е млад, згоден и мултиталентиран, но успехот зад неговите продадени 50 милиони снимки, шест Греми и четири Еми награди повеќе лежи во неговиот бренд менаџмент, отколку во неговото танцување на сцената. Како Џастин Тимберлејк останува свеж и продолжува да реди успеси додека многу од неговите врсници исчезнаа? И што може да се научи од младата ѕвезда? Ова се шесте закони на Џастин Тимберлејк и како може да се примени неговата мудрост за да ја зголемите продажбата, пишува Forbes.
1. Важна е појавата
Не се работи само за тоа да носите најнова фризура и Прада костуми. Секој пат кога ќе му се претставите на светот, тоа е одраз на вашата компанија. Бидете сигурни дека сите ваши промотивни материјали се со стил и секогаш кога ќе дојде време за да се сретнете со инвеститорите, изгледајте достојно. Сакате да бидете најдобри? Го можете тоа… И не мора да ве чини милион долари.
2. Разноликост
Џастин Тимберлејк не се појавува само во филмови. Тој е исто така партнер во MySpace. Искористете го моментот да го проширите своето портфолио, при тоа минимизирајќи го ризикот и зголемувајќи ги приходите. За авторите, тоа значи појавување и обраќање кон јавноста. За банкарите, тоа се книги и настапи на CNN. За бизнисмените тоа значи паметни инвестиции. Тимберлејк станува побогат, без да прави нешто.
3. Соработувајте и делете
Причината поради која Џастин Тимберлејк остана “ин” е дека тој ги ангажира најдобрите што парите можат да ги купат. Да ви ја прави музиката Тимбаленд е исто што и експерт од Google да ви го прави вашиот вебсајт. А Тимберлејк е првиот кој ги призна квалитетите на својот продуцент. И зошто да не? Делејќи комплименти за тимот, си комплиментирате и себе си. Претворете ги луѓето од вашиот тим во ѕвезди.
4. Соработувајте со медиумите
Секој медиум во светот дневно објавува нешто за Тимберлејк. Сето тоа е реклама. Apple тоа го прави многу добро. Секој ден има нешто за нив во вестите. Никогаш не ја отфрлајте можноста да привлечете внимание, па дури и со соопштение дека наскоро ќе најавите нешто ново.
5. Здружете се со посилниот
Двајцата најбогати изведувачи на деценијата, Џастин Тимберлејк и Џастин Бибер, уште повеќе ја зголемија својата популарност здружувајќи се со исто толку популарни партнерки. Бракот на Тимберлејк со Џесика Биел, кој се склучи токму пред Џастин да започне со промоција на својот албум, помогна тој да остане актуелен кај публиката. Кога Пепси ја ангажира Бијонсе, не го земаа и Џеј – Зи… но сепак е повеќе од букирање на само една ѕвезда.
6. Владејте со својот сектор
Ако пишувате поп песни, бидете сигурни дека песните ќе можат да се натпреваруваат со сите Ријани на светот. Нема потреба од веб маркетинг, е-комерц, ако тоа не е најдоброто што го можете. Поставете си високи граници – бидете BMW, бидете Coca Cola, бидете Forbes. Џастин Тимберлејк не прави музика за да биде на 25 место на Билборд. Единствената причина поради која прави музика, и поради која вие треба да започнете сопствен бизнис, е за да бидете број еден.