Дубаи наскоро ќе стане дом на првата подводна населба во светот. Ова архитектонско чудо ќе се состои од пловечки, делумно подводни домови.
Името на населбата ќе биде Floating Seahorse, а ќе бидат поставени 42 пловечки “морски коњи” од кои 35 се веќе продадени.
Проектот е дизајниран и развиен од страна на водечки архитекти од Европа, во рамки на познатиот проект The Heart of Europe, којшто ги спојува најдобрите елементи на европскиот дизајн, наследството и забавата.
Секој “пловечки коњ” ќе има три нивоа, еден под вода, еден на морското ниво и една горна палуба.
Компанијата што стои зад проектот вели дека спалната соба и бањата ќе бидат целосно под вода што на домаќините ќе им овозможи да уживаат во прекрасниот поглед на коралните гребени и морскиот живот.
Дневната соба ќе има прозорци од под до таван, поглед на море, кујна со модерни елементи и трпезарија, додека најгорното ниво ќе биде вистински простор за сончање.
Во план е да се креира и вештачки корален гребен чија што цел ќе биде да ги заштити загрозените морски коњчиња.