Најскапиот сендвич на светот чини 214 долари

48

luksuz-lifestyle-delicious-sendvic-najskuplji sendvic na svetu-the serendipity 3-quintessential grilled cheese-sendvic od grilovanog sira-hrana-najskuplja hrana-njujork-99

Њујоршкиот ресторан The Serendipity 3, во своето мени вклучува бројни екстравагантни и класични американски рецепти, а од неодамна тука се најде и најскапиот сендвич на светот.

Ресторанот е познат и по рецептот за Frrrozen Hot Chocolate (замрзнато топло чоколадо) но, и по најскапиот хот – дог на светот.

Името на сендвичот е Quintessential Grilled Cheese, а вклучува шампањ, јастог и масло од тартуфи, а на краевите се наоѓа 24-каратно злато.

“Лебот за сендвичот се пече со Dom Perignon, бело масло од тартуфи и злато. Потоа, се става путер во кој што се има бели тартуфи, а потоа додаваме сирење cariocavallo, кое е навистина многу ретка сорта”, објаснува главниот готвач Џои Калдерони, чија специјалност се сирењата.

Сендвичот, чија цена е 214 долари, мора да се нарача 48 часа однапред за да има доволно време да се подготви.

luksuz-lifestyle-delicious-sendvic-najskuplji sendvic na svetu-the serendipity 3-quintessential grilled cheese-sendvic od grilovanog sira-hrana-najskuplja hrana-njujork-02 luksuz-lifestyle-delicious-sendvic-najskuplji sendvic na svetu-the serendipity 3-quintessential grilled cheese-sendvic od grilovanog sira-hrana-najskuplja hrana-njujork-03