Будењето рано наутро за многумина знае да биде вистински проблем. Но, компанијата Nanda Home реши да им стави крај на поспаните лица со будилникот на тркалца – Clocky.
Станува збор за моторизиран будилник, којшто е опремен со две тркала и буквално бега од корисникот додека тој не стане од кревет.
Clocky само еднаш му дозволува на корисникот да го одложи будењето за некоја минута, а веќе на второто ѕвонење почнува да бега.
За сите оние кои сакаат да го имаат овој моторизиран будилник може да си го дозволат за 39,99 долари.
Nanda Home го дизајнираше и Tocky – будилник што нема тркала, но може самостојно да се тркала и да пушта MP3 музика за да може да го разбуди корисникот. Овој будилник има опција за снимање, па може да сними и порака со која корисникот ќе се буди секое утро.