Компанијата Natura Vive на сите вљубеници во природата им нуди уникатно доживување – проѕирен апартман што виси на планина.
Станува збор за авантуристичките апартмани Skylodge Adventure, сместен во планински предел во Перу.
“Ексклузивните апартмани Skylodge Adventure ви даваат можност да спиете во комплетно транспарентна ’висечка’ спална соба, од којашто ќе уживате во импресивниот поглед на магичната и мистична долина“, стои на страницата на Natura Vive.
Доколку туристите со авантуристички дух сакаат да престојуваат во овој апартман, имаат два начини да дојдат до него: или преку искачување на планината или од врвот на планината со помош на јажиња да се спуштите до истиот.
Во рамки на овие три апартмани може да се сместат осум лица. Апартманите се изработени од алуминиум и поликарбонат, којшто е отпорен на сите временски услови. Секој од овие апартмани е долг 7,3, а висок и широк 2,5 метри.