ShopMania – романскиот сервис за споредба на производи и цени дојде и во Хрватска

44

romanija

Романскиот ShopMania, онлајн сервис за споредба на цени, присутен во 32 земји меѓу кои и Србија, веќе е достапен и во Хрватска, пишува Нетокрација. Крајните корисници преку системот можат да споредуваат цени со дополнителни информации за производот и можност за оставање на рецензија. Сервисот нуди и можност корисниците да добијат информација кога цената на одреден производ ќе падне под дадено ниво.

Целта на ShopMania е на својата платформа да донесе што поголем број на е-продавници, не само оние големите и познатите.

Понудата на хрватската платформа ќе биде во согласност со она што најмногу се купува преку интернет во оваа земја – облека, книги, козметика, хардвер и софтвер.