Студенти од ФЕИТ стипендисти на ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО

97

foto stipendii

Нови стипендии добија 14 новозапишани студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии од електроенергетските компании АД ЕЛЕМ, ЕВН Македонија АД и АД МЕПСО.

“Традицијата на стипендирање на најдобрите млади студенти од електроенергетските компании продолжува и со тоа покажува дека овој проект има многу позитивни ефекти. Стипендистите посетуваат практикантска работа и се потенцијални кандидати за вработување во компаниите, иако некои стипендисти од првите генерации веќе се работно ангажирани во нив. Со ова на студентите им се олеснува студирањето, односно се елиминира нивната грижа за финансии и останува да се посветат само на учењето”, вели Миле Станковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Трите енергетски компании поделија 14 стипендии за редовно запишани студенти во прва година во академската учебна 2014/2015 година. Студентите се запишани на студиските програми Електроенергетика, автоматизација и обновиливи извори на енергија, Електроенергетски системи и Електроенергетика, управување и менаџмент. Стипендистите првиот семестар од студирањето го завршија со висок просек, а стипендиите се во висина од 6.000 денари месечно.

Досега, во изминативе години, преку овој проект се поддржани 42 студенти.