Кампањата на Ogilvy & Mather Кина го илустрира начинот на кој паметните телефони влијаат врз животот – семејството и врските. Кампањата е за потребите на Центарот за психолошки истражувања, владино тело фокусирано на подигнување на свеста околу социјални прашања, како на пример зависност од екрани, што станува загрижувачки тренд во Кина.
“Да извадите мобилен телефон за време на конверзација е исто како да ставате ѕид од цигли меѓу двајца. Сакаме луѓето да го согледаат тоа и да ги преиспитаат своите постапки. Во нашите животи, приоритет треба да имаат луѓето, а не уредите”, вели извршниот креативен директор на Ogilvy & Mather, Југи Рамакришнан за Huffington Post.