Розово злато – префинето, посакувано и модерно парче накит

712

rose-gold-braceletРозовото злато коешто се сретнува под термините Pink или Rose Gold беше популарно во почетокот на 19-от век во Русија, па според тоа истото се нарекуваше и руско злато.

mouawad-jewelry-flower-eternity-rose-gold-and-diamond-pendant-47248

Со доаѓањето на новиот милениум, овој благороден метал стекна нова популарност и истиот освен за накит почна да се користи и како моден додаток на часовници и мобилни телефони.

s778481183918088934_p64_i1_w2139

Розовото злато е всушност легура на злато и бакар и најмногу се користи за изработка на специјализиран накит.

Чистото жолто злато е премногу меко за да се носи како такво, па затоа истото се меша со различни метали како сребро, паладиум, бакар, никел и цинк, коишто ја додаваат потребната стабилност и цврстина.

Rose-Gold-Watches

Она што ја одредува бојата на златото е видот на металот и процентот на неговата застапеност.

Така, популатното розово злато е легура составена од 75% злато, 20% бакар и 5% сребро. Тоа најчесто е 14 или 18 каратно, а двете легури имаат ист процент на чисто злато како и самото жолто злато.

rose-gold-jewelry-1 (1)

Зошто е толку посакувано?

Топлите пастелни тонови се неутрални и одговараат на секој тип на кожа, коса и боја и очи.

Розовата нијанса може да се комбинира со останатите неутрални пастелни тонови, силно обоени тонови како темно виолетова, зелена, сина…

rose-gold-jewelry

Тоа е еден мост помеѓу жолтото и белото злато и совршена подлога за дијаманти и останати обоени благородни камења.

Меките тонови одговараат на сите стилови од винтиџ до модерен.