Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за првите шест месеци од 2015 година, вклучувајќи ги и резултатите од работењето на сегментот Македонија.
Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот на мобилни корисници се намали до 608.000 корисници, при што пазарниот удел на Вип остана на ниво од 28,4%. Со аквизицијата на Близу, сегментот Македонија брои околу 87.000 фиксни пристапни линии за првите шест месеци од 2015 година.
Приходите во Македонија, вклучувајќи го и Близу, изнесуваа 32,0 милиони евра во првата половина од 2015, додека во истиот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) достигна 7,2 милиони евра. Оперативните трошоци се зголемија за 14% споредено со истиот период од минатата година.
Воедно, во јули 2015 година Комисијата за заштита на конкуренција на Р. Македонија го одобри спојувањето на подружницата на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор и на подружницата на Телеком Словеније Груп, Оне. Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓу другото и за обезбедување на услуги на нови виртуелни мрежни оператори од стана на новоформираниот субјект. Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015 година.