Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од 20-ти овој месец воведува нови роаминг пакети за опуштени разговори во три балкански држави.
Сите ОНЕ постпејд корисници, ќе може да ги користат придобивките на двата нови роаминг пакети за разговори во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Пакетите содржат 30 односно 60 минути кои можат да бидат искористени за појдовни повици кон Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и за дојдовни повици во наведените држави.
Роаминг пакетот со 30 минути е достапен по цена од 299 денари (со вклучен ДДВ) и Роаминг пакетот со 60 минути е достапен по цена од 499 денари (со вклучен ДДВ).
Корисниците можат да ги активираат пакетите со повик или испраќање на СМС порака кон бројот 181 со следната содржина: BALKAN 30 START (за роаминг пакет со 30 мин) и BALKAN 60 START (за роаминг пакет со 60 мин).
Дополнителна придобивка на пакетите е тоа што корисникот може во исто време да ги активира и двата пакети или истиот роаминг пакет во ист месец повеќе од еднаш. Пакетите се достапни за корисниците на сите ОНЕ мобилни постпејд тарифни планови, а истите се месечни и важат 30 дена од месецот на активација.