Домашна спа кабина од 36.000 долари

51

luksuz-beauty-fancy-spa (1)Доколку сакате максимално релаксирање и опуштање, а немате време за одење по спа центри, овој луксузен производ е токму за вас. Италијанската компанија Lemi Group произведе нова Aemotio Spa кабина која што може да се прилагоди на секој дом, секако доколку можете да одвоите 35.606 долари.

Кабината е опремена со бројни мултифункционални спа третмани како што се антицелулитни третмани, масажи, третмани за слабеење и тонирање на телото, како и масажи за лице.

Она по што оваа домашна кабина се разликува од другите е vichy тушот и хромотерапија или терапија со боја. Системот на туширање има шест глави кои што испуштаат вода со температура по желба, а достапни се седум различни бои кои можате да ги одберете во зависност од расположението и третманот.
luksuz-beauty-fancy-spa (4)luksuz-beauty-fancy-spa-992898819aemotio