Popcorner – иновативен бизнис со био пуканки

119

bio pukanki sestri

Сестрите Санела и Емина Манџука се потекло од Босна и Херцеговина, а во австриската престолнина развија успешен бизнис за производство на био пуканки со повеќе вкусови, пишува Дојче Веле.

Продавницата Popcorner на двете сестри се наоѓа во пешачката зона во строгиот центар на Виена. Тие произведуваат и продаваат пуканки, за коишто користат пченка само од биолошко производство и зачини и ароми коишто на пуканките им го даваат специфичниот вкус. Иновативните сестри нудат и био пуканки за трудници.

bio pukanki

“Идејата започна со мојата бременост. Тогаш бев посебно внимателна на исхраната, а слатките био пуканки ми беа многу вкусни. Бидејќи не можевме да ги најдеме во Виена, мојата сестра ми ги носеше од Германија и Швајцарија, а бидејќи пуканките не се лесни за транспорт, таа ми рече дека можам и сама да си ги направам, по што се обидов“, раскажува Санела.

Во нивната уникатна продавница има пуканки со различни солени и благи вкусови. Идните планови на сестрите се поврзани со проширување на нивниот бизнис и во Америка.

bio pukanki 1