Бремените и постарите хронично болни ослободени од работа до 4-ти август

31

A pregnant woman working in office

Бремените жени и хронично болните лица над 60 години, се ослободени од работните обврски до четврти август. Во исто време, важат и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, соопшти Министерството за здравство.

Продолжувањето на препораките, кои важеа и минатата недела е поради најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи, според кој до крајот на неделата ќе продолжат високите температури над 40 степени.

Министерството потсетува и дека во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.