Тетекс од Тетово донесе одлука за распоред на дел од нераспределената акумулирана добивка.
“Се одобрува исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка на друштвото до 31.12.2008 година. Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 1,077% од номиналната вредност, односно 33,33 денари бруто по акција“, се вели во Одлуката.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.08.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.08.2015 година. Дата на стекнување на право на дивидена е 17.08.2015 година.