Јапонски производител ќе “лансира“ виски во вселената

47

suntorywhiskeys

Јапонскиот производител на виски Suntory holding Limited неодамна го претстави својот план да испрати неколку примероци од пијалакот што го произведува во Меѓународната вселенска станица, пишува Rocket news24.

Целта на експериментот е да се утврди како безтежинскиот простор ќе влијае на вкусот на овој пијалак.

Оттаму веруваат дека престојот на овој жесток пијалак во окружување со минимални температурни разлики и ограничено движење на течност ќе го подобри неговиот вкус.