Facebook со нови опции ја поедноставува комуникацијата меѓу компаниите и клиентите

31

facebook lupa

Познатата социјална мрежа Facebook престави нова опција којашто на деловните корисници ќе им обезбеди поедноставна комуникација со клиентите, пишува Enterpreneur.

Со новата опција, на пријава на проблем или како одговор на коментар на незадоволен корисник, администраторот на страницата може со еден клик да започне приватен разговор со корисникот и на тој начин поедноставно да дојде до решение за отстранување на проблемите.

На овој начин, Facebook може да им послужи на компаниите како своевидна платформа за корисничка поддршка.

Уште една нова алатка за комуникација меѓу една компанија и клиентите е воведување на копче преку кое корисниците на Facebook ќе може да испратат порака до компанијата чиј оглас се појавил на нивниот News Feed. Со можноста за испраќање пораки, клиентите ќе може, откако ќе го видат огласот, преку порака, да воспостават комуникација со компанијата.