Видео: Tesla motors разви роботизиран полнач во форма на змија

50

tesla motors

Tesla motors претстави видео снимка од која се гледа на кој начин функционира роботизиран полнач за електричните автомобили, пишува Abc news.

Станува збор за целосно автоматизиран прототип на полнач во форма на змија којшто е во состојба за само десетина секунди да го пронајде капачето од резервоарот и да почне со полнење.

Некои автомобилски производители веќе развиваат безжични полначи за батерии за електрични и хибридни автомобили, сепак Tesla motors го задржи конвенционалниот систем на дополна со помош на кабел, но работи на негова автоматизација.