Студенти од Ротердам овошјето го претвораат во кожа

42

torba od ovosje

Студенти од Willem de Kooning академијата од Ротердам развија начин како овошјето може да се трансформира во кожа. Оваа кожа што го носи името – овошна кожа, е специфична по тоа што не скапува, не привлекува бубачки и не се намалува,  па е сосема погодна за различни производи, пишува холандскиот портал Nltimes.

Идејата за развој на овој материјал дојде откако неколку апсолвенти на оваа академија размислуваа на кој начин може да ги искористат 3.000 килограми овошје што секој ден се фрлаат од зелените пазари во Ротердам.

Тимот создаде прототип на рачни торби од манго, торба за пазарење и абажур од праски. Во овој момент студентите експериментираат и пронаоѓаат различни комбинации на овошје и зеленчук коишто можат да ја зголемат силата и издржливоста на кожата од овошје.