Русија забрани увоз на храна од Албанија, Црна Гора, Лихтенштајн и Исланд

45

rusija

Русија ги додаде Албанија, Црна Гора, Лихтенштајн и Исланд на пописот на земји од кои е забранет увоз на храна како одговор на санкциите на Западот поради кризата во Украина.

Руските санкции што ќе бидат на сила до 5 август 2016, до сега се однесуваа на САД, Канада, Норвешка, Австралија и на земјите членки на ЕУ. Забраната се однесува на месо, риба, млечни производи, овошје и зеленчук.

Владата на Црна Гора изрази жалење поради ваквата одлука на Русија и соопшти дека во моментов не располага со листата на производи на коишто се однесува одлуката, пишува Б92.