Фото: Pixabay
„Нема шанси ова да го научам и да го направам“
„Нема шанси јас ова да го направам како тебе“
Реченици или изговори со кои речиси се соочуваме секојдневно. И не дека не сакаме да научиме, туку не сакаме да се потрудиме да научиме. Понекогаш мислам дека сакаме да направиме светот да се промени, но не и ние, само за да не учиме и научиме.
Ајде да се соочиме со реалноста и да сфатиме веќе еднаш дека, ако сакаме да се вклопиме во системот или светот, ќе мора да научиме дека постојано треба да учиме.
Еве ви неколку совети како да го направите тоа подобро:
Страв – најчесто не сакаме да научиме нови работи или како подобро или поефикасно да ги завршиме само затоа што треба да се промениме. Немојте да се плашите од промените, тие може да ви донесат само убаво. Многу пати сме пишувале за тоа.
Повторување – повторувањето е мајка на знаењет – не за џабе рекле. Но немојте да повторувате само за да ви влезе во рутина некоја работа, туку повторувајте така што од секоја повторена работа, ќе научите нешто ново и како да бидете поефикасни.
Посматрајте – гледајте како другите го прават тоа и учете од нив. Седете покрај нив и учете. Гледајте и учете. Ако треба, поставете и прашање.
Прашања – поставувајте прашања. Прашајте ги колегите или пријателите – дали и како им се допаѓа тоа што сте го направиле и како тие би го подобриле. Советувајте се со луѓето околу вас пред да започнете. Ќе се изненадите какви сè интересни идеи ќе добиете
Учете од грешките – сите ние правиме грешки. Немојте да се плашите од грешките, туку учите од грешките. Гледајте да правите што помалку грешки, но ако направите некоја, гледајте да научите нешто ново, а не да се разочарате.
Проактивни – само прокативните луѓе имаат капацитет секојдневно да учат нови работи. Само проактивните луѓе имаат желба да учат. Бидете проактивни!
Отворени – бидете секогаш отворени за нови идеи и информации. Немојте да дозволите да се затворите во себеси и она што до сега го знаете. Бидете отворени и подготвени дека секој ден е нов и ќе научите нова работа.
Позитивни – немојте да дозволите негативизмот што е околу вас да ви делува и да ве доведе во ситуација да се затворите. Бидете позитивни на сè и на сите. Бидете позитивни кон учењето и кон новините што ќе треба да ги примите.
Јас можам да ви напишам уште многу идеи и совети кои ќе ви помогнат како да се подобрите и отворите кон учењето, но едно е многу важно: немојте да мислите дека сте вие најпаметни! Немојте да мислите дека тоа што до сега сте го научиле, е максимумот што можете да го дадете.
Можеби ова ќе ве замисли, но: НЕ СТЕ НАЈПАМЕТНИ!
Со успех во промените.