Компанијата за трговија со дијаманти и изработка на скапоцен накит De Beers, чие седиште се наоѓа во Луксембург веќе десет години користи необработени дијаманти за креирање на своите ремек дела.
Годинава таа слави десет години успешно функционирање, па по тој повод ја изработија луксузната колекцијата De Beers Talisman. Накитот е украсен со дијаманти во најчиста форма со што ја отсликува врвната мајсторија на изработувачот.
Најинтересен детал од колекцијата е Talisman Wondrous Sphere, совршенство во изработка и дизајн. Со цена од милион долари, овој ѓердан на себе има 13 каратен маслинесто зелен дијамант опкружен со три – димензионална низа од ретки дијаманти.
Движењето и динамиката на ова парче се претставени со подвижни кругови, кои што го симболизираат движењето на еден човек кон нови откритија.
Во оваа De Beers линија може да се забележи широк спектар на дијаманти, од тркалезни брилијанти, до мешани и исклучително груби врсти на скапоцени камења.