Сите сме запознаени или навикнати да гледаме дизајни на кујни каде горните елементи, скоро секогаш, ги затвара вратичка – поставена вертикално, изработена од иверка или стаклена со алуминиумски рамки. И ова е во ред кога планот во собата така налага. Токму тој план понекогаш може да нè натера да излеземе од стандардните рамки и почнеме да размислуваме за поинаков приод, па дури и тогаш кога ќе не обземе желбата да ја запазиме естетската линија на кујната, бидејќи денес кујните, истовремено, можат да бидат визуелно впечатливи и функционални.
Некои дизајнери во своите проекти, покрај дизајнот, често знаат да вметнат вонстандардни елементи преку кои ќе ја изразат својата креативност, талент и бегство од стандардното и секојдневното.
Ни претставува задоволсто што и ние преку нашата понуда се вклучуваме и помагаме при изборот на механизами за отворање на хоризонтални (бифе) вратички. Различните системи се дизајнирани да понудат алтернативни начини за отворање на вратичките на висечките елементи, давајќи голема флексибилност и поголема просторна искористеност. Кај FLAP системот вратичките можат да бидат со или без рачки со употреба на Push – делумно отворање на вратичката со притискање. Системите се наменети на нив да се монтира дрвен панел како вратичка. Како механизам за меко затворање употребена е SMOVE технологијата која спречува секакво несакано и непотребно трескање и бучава. Многу внимателно е водено сметка за естетскиот изглед на системите. Механизмите уредно се скриени со капак што му дава на елементот едноличен и елегантен финиш.