Фото: Pixabay
Да се биде добар кон другите значи да се биде добар и кон себе си. Несебичните добри дела го прават човекот среќен. А што е поважно од среќата на другите што ја храни среќата на поединецот?
Една нација не мора да биде сурова за да биде силна – Франклин Д. Рузвелт.
Добрината е јазик што глувите можат да го чујат, а слепите да го видат – Марк Твен.
Не можеш да избрзаш со добрината затоа што никогаш не знаеш кога ќе биде доцна – Ралф Валдо Емресон.
Негувајте ја добрината. Треба да знаете како да ја давате без двоумење, да ја губите без жалење и како да ја добивате без подлост – Џорџ Сенд.
Искрената насмевка е универзалниот јазик на добрината – Вилијам Артур Ворд.
Направете добро дело без да очекувате награда, водени само од помислата дека еден ден некој ќе го направи истото за вас – Принцезата Дајана.
Запомнете дека не постои такво нешто како мал чин на добрина. Секој несебичен акт создава бран што продолжува во бесконечен крај – Скот Адамс.
Нивото на успехот е ограничено само од нашата имагинација и ниеден чин на добрина, колку и да мал, не е никогаш залудно потрошен – Езоп.
Каде и да се луѓето, таму е и можноста за добро дело – Л.А. Сенека
Добрина не е да направиш нешто за некого затоа што тој не може, туку затоа што ти сакаш – Ендру Исканднер.
Со добрина можеш да го постигнеш она што не можеш со сила – П. Сирус.
Секогаш бидете малку пољубезни од она што е потребно – Џејмс М. Бари.
Транспарентноста, чесноста, добрината, доброто раководење и хуморот секогаш успеваат во бизнисот – Џон Герзема.
Колку е поголема самодовербата на човекот, толку повеќе ќе ги почитува и цени останатите –Натаниел Бранден.
Само еден акт на добрина пушта корени во сите правци што растат и раѓаат нови дрвја – Амелија Ерхарт.
Оној кој без причина ти направил добрина многу побрзо ќе го стори истото отколку оној кој ти си го натерал на такво дело – Беџамин Френклин.