La Prairie ќе претстави крема за лице и тело од кавијар

73

Skin-Caviar-Luxe-Cream-600x335Швајцарската компанија La Prairie, специјализирана за производство на висококвалитени креми и лосиони за кожа, следниот месец ќе претстави нова линија на производи за млади.

Нејзините производи досега беа првично наменети за кожа што старее, односно за повозрасните. Сепак компанијата одлучи дека е време да допре до помладата генерација, со тоа што ќе обезбеди одлична нега со крема во чиј состав има кавијар.

dc-beauty-la-prairie-skin-caviar-luxe-cream-sheer-skin-foundation-spf-15-caviar-spectaculaire-caviar-concealer-caviar-spectacul-87-1024x683

Новиот производ Skin Caviar Luxe Cream Sheer ќе биде достапен низ целиот свет, а едно пакување од 48 грама ќе чини 430 долари.