Засолништа за бездомници “закачени” на згради

119

1

Архитектот и дизајнер Џејмс Фурцер разви модел на засолништа за бездомници коишто “ќе висат” на зградите и започна кампања на платформата Indiegogo за да собере финансиски средства за прототипот.

Проектот е наречен Homes for the Homeless (Домови за бездомниците), а целта на Фурцер е да им се обезбеди привремено засолниште на околу 750 луѓе што секоја ноќ спијат на улиците на Лондон.

5

Засолништата би имале челични рамки, а остатокот од конструкцијата би бил од дрво. Можно е да се користи и отпаден материјал, за да се намалат трошоците за изработка. Ваквите единици би се поставиле на надворешните ѕидови на зградите во деловите каде обично се движат бездомниците.

3

“Околу 6.500 луѓе спијат на улиците на Лондон секоја година, што е за 77% повеќе од 2010 година. Околу 750 луѓе секоја вечер спијат на улиците на градот. Две третини од бездомниците велат дека биле навредувани од луѓето. Бездомниците имаат 13 пати поголеми шанси да бидат жртва на насилен криминал и 47 пати поголеми шанси да бидат жртва на кражба. Време е да се промени нашиот став кон бездомниците, тие имаат право да бидат третирани со иста почит како и сите останати. На крајот, тоа може да му се случи на било кој од нас”, вели Фурзер.

4

Архитектот верува дека проектот би можел да направи промена во перцепцијата на овој проблем.

Привремените засолништа ќе бидат управувани од страна на добротворни организации коишто работат со бездомници, кои ќе се грижат за распоредот и за одржувањете на објектите.