За животот, за мотивацијата… за патот кон успехот

Понекогаш сè што ни треба е само една добра мисла и спремни сме да тргнеме. Можеби во некоја од следниве ќе го пронајдете вашиот патоказ.

pat

Фото: Pexels

Успехот обично доаѓа кај оние што се премногу зафатени да го бараат.

Ако не сакате да го ризикувате секојдневното, ќе мора да се задоволите со просечното.

Престанете да трчате по пари, обидете се да ја стигнете страста.

Можности не се случуваат, можностите ги создаваме ние самите.

Не се обидувајте да станете успешна личност, стремете се да бидете личност со вредности.

Не преживуваат најсилните, ниту најпаметните, туку оние што најдобро ќе се прилагодат на промените.

Започни од каде што се наоѓаш, искористи го тоа што го имаш, направи го тоа што можеш.

Никој не може да направи да се почувствуваш инфериорен без твоја согласност.

Целиот напредок се случува надвор од комформата зона.

Не посакувајте работите да бидат полесни, посакајте вие да бидете подобри.

Мотивацијата те движи на почетокот, навиката е таа што те тера да продолжиш.

За да бидеш успешен мораш да ги прифатиш сите предизвици што ќе ти се најдат на патот, а не само оние што ти се допаѓаат.

Логиката ќе те однесе од точката А до до точката Б, имагинацијта каде што ќе посакаш.