Пијаното на кое беа отсвирени најголемите хитови на легендарната група АББА, следниот месец оди на аукција во Sotheby’s Лондон.
Наддавањето ќе се одржи на 29 септември, а од аукциската куќа очекуваат инструментот да достигне цена помеѓу 925.000 и 1,24 милиони долари.
Шведската поп сензација доминираше во 70-тите години со нивниот уникатен стил и песните чии текстови и мелодии никого не оставаа рамнодушен.
Пијаното беше изработено од шведскиот дизајнер на музички инструменти Георг Болин, за американскиот џез пијанист Бил Еванс.
Во 1967 инструментот заврши во рацете на Metronome Studios од Шведска и се појави во скоро сите снимки на групата од 1973 до 1977.
Популарната четворка се раздели во 1983 година и повеќе никогаш не настапија заедно.